дома Локално 20 ГОДИНИ ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО БЕРОВО:Поповите виновни за громот на празничната манастирска...

20 ГОДИНИ ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО БЕРОВО:Поповите виновни за громот на празничната манастирска трпеза

Две децении подоцна се уште останува неразјаснет случајот од трагедијата во која загинаа 9 лица, а над 50 беа повредени, откако гром удри во дворот на Манастирот Богородица во Берово.

Телевизија „Стар“ од Штип објави сведочење на новнарката Љубинка Клинчарска, сега во пензија, која прва ја јави веста за трагедијата.

-Некои од моите соговорници ги обвинија поповите, бидејќи курбанот беше преместен наместо во среда кога е посно тие го направија во четврток. Па, се толкуваше како божја казна. Но, едно што не ми се допаѓа е дека сите заборавија на жртвите им ветуваа но за нив ништо не се направи“ , изјави Љубинка Клинчарска, новинарка во пензија од Берово.

Од тој кобен ден поминаа точно 20 години. Во меѓувреме Љубинка го загубила видот, но сепак, во неа  се појасно се зацврстува противењето за комерцијализацијата на големиот христијански празник.

Во манастирот „Успение на пресвета Богородица“ и денес ќе се соберат илјадници верници, ќе се заколат стотина јагниња и овци и ќе се наложат стотина казани, со што Малешевијата  ја продолжива вековната традиција на црковно-народниот собир.