дома Социјални Мрежи 20.000 ЕВРА ЗА ФОТОСЕСИИ НА МАРИН: Преку 20.000 евра пари на аеродромци,...

20.000 ЕВРА ЗА ФОТОСЕСИИ НА МАРИН: Преку 20.000 евра пари на аеродромци, потрошени во фотосесии на Златко Марин за неговиот памфлет

Преку 20.000 евра пари на граѓаните, фрлени во фотосесии на градоначалникот на општина Аеродром за општинското гласило, кое наместо информатор за активностите на локалната самоуправа, е претворено во памфлет на Златко Марин

„Драги аеродромци, денеска го добивме општинскиот весник кој чини повеќе од 20. 000 евра пари на граѓаните. Жалосно е што весникот освен фотосесиите на градоначалникот Златко #Марин како дава крв, нема ниту еден проект во интерес на граѓаните. Општината која беше пример за реализација на безброј проекти, денеска е пример за неработливост, лицемерност и тесни партиски интереси. Весникот кој служеше за информирање на граѓаните, денес служи за фотосесии. На здравје трошење парите градоначалниче! #ДојдеЖивот во #Аеродеом“ – пишуваат граѓаните на општина Аеродром.