200 долари доколку се вакцинираат: Лидл им нуди паричен надомест на вработените кои ќе ја примаат вакцината против ковид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот ланец за попусти на супермаркети „Лидл“ денес објави дека нуди дополнителна компензација од 200 УСД на сите вработени во Соединетите Држави кои се вакцинираат против „ковид-19“, бидејќи вакцините станаа достапни во сè поголем број сојузни држави.

Објавувањето на Лидл следеше по сличните потези на конкурентите на американскиот пазар на мало, како што се Алди и Долар Џенерал, како и компанијата за доставување храна Инстакарт, пишува Ројтерс, пренесува Танјуг.

Количината на стимулации на Лидл за прифаќање на вакцинацијата е меѓу најголемите што компанијата досега им ја понуди на своите работници во САД, додава британската агенција.

Компанијата соопшти дека постои огромен интерес за вакцинација кај нивните вработени, повикувајќи се на интерно истражување во кое скоро осум од 10 работници изјавиле дека планираат да се вакцинираат веднаш штом вакцината ќе стане достапна.

Lidl ги продава своите производи во повеќе од 125 продавници во девет американски држави на источниот брег.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This