дома Актуелно 200.000 НА УЛИЦА: Хан ја откажа прес-конференцијата – нема поголема потврда за...

200.000 НА УЛИЦА: Хан ја откажа прес-конференцијата – нема поголема потврда за нашата заедничка победа

Јоханес Хан ја откажа планираната прес-конференција. Нема поголема потврда за нашата заедничка победа!!! После 200.000 луѓе на улица, и Хан е без зборови. Борбата продолжува. Но, мириса… мириса на победа, напиша на својот ФБ профил Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Македонските граѓани покажаа огромна зрелост и достоинство. Во досега невидена бројка излезе горд и чесен народ кој јасно и недвосмислено кажа до каде се црвено-жолтите линии. После ова нема назад, совршено јасно е дека одиме до крај со нашата цел зачувување на државата и ултимативно отфрлање на тиранската платформа. Борбата продолжува. Се гледаме утре 17:00 часот #4 Илинден, беше објавено синоќа на ФБ профилот на иницијативата.