229 cooбpaќajни пpeкpшoци вo Скопје, oд кoи 62 зa бpзo вoзeњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 229 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 19 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 17 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола.  

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, пет за непочитување на првенство на минување, 66 санкции за непрописно паркирање.  

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This