дома Македонија 23,3 отсто гевгеличани излегле да гласаат од 11 часот

23,3 отсто гевгеличани излегле да гласаат од 11 часот

Гевгеличани до 11 часот ја удвоија излезеноста на вонредните парламентарни избори во однос на 9 часот.

Според Општинската изборна комисија Гевгелија, до 11 часот на 37 избирачки места својот глас го дале повеќе од 4000 гласачи што е 23,3 отсто излезеност.

Во општина Валандово правото на глас до 11 часот го искористиле 1491 граѓанин или 15,4 отсто од гласачкото тело.

Во општина Богданци гласале 1101 граѓанин или 16,5 отсто, а во општина Дојран на осумте гласачки места излегле 479 граѓани што претставува излезеност од 17,8 отсто.

Гласачкиот процес се одвива мирно и без регистрирани неправилности.