ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево,  попладне  во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 4 до 12 степени.

 

Скопје Сончево,  попладне  со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 5 степени.

Утре изутрина ќе преовладува стабилно, суво и студено време, попладне ќе има зголемување на облачноста почнувајќи од западните и северозападните делови каде кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд и снег. Потоа позначителна промена на времето се очекува од четврток кога изразено северно воздушно струење, со засилен а повремено силен северен ветер, ќе предизвика студено време и повремени врнежи претежно од снег.