дома Балкан 25 годишник ykpaл 2,7 милиони динари од пошта во Белград

25 годишник ykpaл 2,7 милиони динари од пошта во Белград

Полицијата во Белград го уапси У. К. (25) осомничен дека денес ја ограбил поштата во белградската општина Вождовац и одзел 2,7 милиони динари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Се сомнева дека со закана со пиштол од вработените во поштата зел 2,7 милиони динари што полицијата ги пронашла кај него, како и пиштолот со кој го сторил тоа дело, пренесува Бета.

Осомничениот бил притворен до 48 часа и тој ќе биде изведен во надлежното обвинителство, заедно со кривична пријава.