дома Uncategorized 27 АПРИЛ: Се опил и влегол во Собрание за да види каде...

27 АПРИЛ: Се опил и влегол во Собрание за да види каде му одат парите!

Во еден момент забележав како човек разговараше со обвинетата Елена на висок тон, и велеше дека мора да го пушти во канцеларијата да влезе. Елена се обиде да го сопре, но беше избуткана. Човекот влезе во канцеларијата и ми кажа дека е тука за да види каде одат неговите пари. Му дозволив. Тоа го сторив бидејќи човекот беше во алкохолизирана состојба и видовме дека нема поента да се расправаме со него кога е веќе внатре, сведочи Светлана Наумовска вработена во кабинетот на претседателот на Собранието, сведок предложен од обвинетата Елена Доцевска Божиновска, на судењето за 27 април.

Собраниската службеничка истакна дека и други лица сакале да влезат во канцеларијата, но откако им укажале дека таму нема ништо важно и дека тоа е само канцеларија на службеници, лицата се тргнале од пред канцеларијата.

СУДЕЊЕ 27 АПРИЛ: Се опил и влегол во Собрание за да види каде му одат парите!