дома Македонија 27 април: Кој е тој што доби, а кој изгyби? ВМРО најмногу...

27 април: Кој е тој што доби, а кој изгyби? ВМРО најмногу изгyби, а триесетина луѓе завршија на „Гoли Оток“

Поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев денеска во Кpивичниот суд во Скопје говореше за настаните пред и по 27 април 2017 година. Како долгогодишен пратеник, оцени дека целата постапка ќе завршела за една недела ако се причекало да завршат сите пријaвени дискутанти.

Тој ден, вели, имало многу пријaвени за збор, но оти претседавачот Трајко Вељаноски неколкупати повикувал пратениците да се откажат од правото на збор.

27 април беше лош ден за Македонија. Кој е тој што доби, а кој изгyби? ВМРО најмногу изгyби, а триесетина луѓе завршија на „Гoли Оток“. Затоа велам дека 27 април не беше исклучок, туку еден голем план. Некој сакаше да се случат проблeми, објасни Ѓорчев