дома Социјални Мрежи 27 ГОДИНИ НИКОЈ НЕМА УМРЕНО ВО КУМАНОВО: Тони Михајловски со статус за...

27 ГОДИНИ НИКОЈ НЕМА УМРЕНО ВО КУМАНОВО: Тони Михајловски со статус за 27 години „живот“ во Куманово!

Еве да го земеме Куманово за пример. Таму 27 години непрекинато владее животот, напиша Тони Михајловски на својот Фејсбук профил.

 

-Верувале или не никој нема умрено, а и тие неколку се вратија у живот. “Ако си глуп да умреш при толко живот” е мотото на секој жител. Чист воздух има толку многу што им извезуваме у Берово. Нивниот бил редок. Соживот за пример. На пример, тачно се знае каде е границата. Порано беше до болницу, с’га е до Дом на Културу. Слобода на секој чекор. Толку е слободно што затворот е претворен во музеј, читални и интернет кафе. Плата од 2000 евра. Додуше малце се патува до работа, ама па со добра книга ене кај е Афганистан. Канализација нема кај нема, а и асфалт нема кај нема. Нема, верувале или не. Градоначалник редовно вози точак, посебно к’д е трезан, а град е толко чист што граѓани се собував к’д искачав на улицу. Да не збору џабе. Ене куде е. Седните у авто и отидите да се уверите.
Куманово е доказ. Доказ цврст како небото дека кога се сака и се знае, се може. Да ја направиме цела Македонија-Куманово?
п.с. Ќе ја направиме, напиша Михајловски на својот Фејсбук статус.