дома Македонија 27 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КУПУВАЊЕ ГЛАСОВИ: Отворена истрага за исплатата на тутунарите...

27 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КУПУВАЊЕ ГЛАСОВИ: Отворена истрага за исплатата на тутунарите за време на избори

Антикopyпциската комисија денеска отвори иcтpaга по сопствена иницијатива за вчерашната исплата на 26.786 тутунари со субвенции од над 27 милиони евра за ланската реколта, објави Плусинфо.

Оваа информација, како што беше речено на денешната седница на антикopyпционepите била објавена вчера попладнето на сајтот на Министерството за земјоделство, што беше повод Државната комисија за спречување на кopyпцијата, да отвори предмет, затоа што исплатата е направена спротивно на членот 8 од Изборниот законик.

На исплатата државни пари среде кампања реагираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.