April 19, 2024, 10:37 am

276 kaзни во Скопје во еден ден, преку 700 на територија на цела држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 276 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 38 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 10 за управување под дејство на алкохол.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири прекршоци што ги чинат пешаците, 45 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Во текот на вчерашниот ден (05.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 778 возачи.

Од нив, 111 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 151, а потоа на територија на СВР Скопје – 145, на територија на СВР Куманово – 123…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This