дома Македонија 29 зaбoлeни со кoрoнaвиpyc и лицa во изoлaцијa гласаат во Прилеп

29 зaбoлeни со кoрoнaвиpyc и лицa во изoлaцијa гласаат во Прилеп

И во Прилеп денеска гласаат заболените лица од корона и тие во изолација. Дваесет и девет лица имаат право да гласаат и да го дадат својот глас. Кај пријавените оди специјален одбор од медицински лица, на кои им се придружени и по двајца претставници од партиите. Процесот на гласање се спроведува според протоколите на ДИК и Министерството за здравство.

Утре во Прилеп треба да гласаат 489 болни и немоќни лица. Вo среда своето право на глас ќе можат да го остварат 64.004 гласачи на 130 избирачки места. Дванаесет избирачки места се присоединети кон други постоечки заради помалку од 10 гласачи, а 13 избирачки места се дислоцирани заради просторни услови.