дома Македонија 3аев повтopно не се пoклони пpeд гpoбот на Гоце Делчев

3аев повтopно не се пoклони пpeд гpoбот на Гоце Делчев

Премиерот Зоран Заев ниту годинава не ја предводеше делегациијат од својот кабинет за да оддаде почит на годишнината од загинувањето на Гоце Делчев.

Во чест и сеќавање на македонскиот револуционер, делегацијата од Кабинетот на македонскиот претседател ја предводеше генералниот секретар Миле Бошњаковски, кој денеска положи цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“. Цвеќе положија и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничките Даниела Маркоска и Велика Стојкова – Серафимовска.

Покрај делегациите на државните институции, во чест и сеќавање на Гоце Делчев цвеќе положија и здруженија и граѓани.

Заев не положи цвеќе ни на годишнината од раѓањето на револуционерот овој февруари.