дома Македонија 3аев: Што е тоа за извидничкиот камп, прв пат слушам?

3аев: Што е тоа за извидничкиот камп, прв пат слушам?

Премиерот Зоран Заев денеска од новинарите првпат слушна за скандалот кој со денови ја бранува јавноста, а поврзан со Првиот скопски извиднички одред.

Прашан за негов став за извидничкиот камп што го организираше Скопскиот извиднички камп, Заев рече дека не е информиран и побара новинарското прашање да му биде доставено на писмено.

– Што е тоа за извидничкиот камп? Не знам што се случува во моментов. Не сум информиран. Ако ми појасните што е тоа со извидничкиот камп. Ве молам писмено да доставите за што точно се работи да дадам одговор за личен мој став или за став на Владата. Навистина првпат слушам за ова, рече Заев.