дома Социјални Мрежи 3латев до Mepиот коалиција – нe e мoj cтил да се извинyвaм

3латев до Mepиот коалиција – нe e мoj cтил да се извинyвaм

Новинарот Љупчо Златев објавува документ кој го добил од човекот што важи за втор човек во таканаречената Мериот коалиција која ја предводи Сашо Мијалков.

Од Златев се бара да се извини за пост на Фејсбук во кој се споменува екс градоначалникот на Аеродром.

Новинарот вели дека нема проблем да живее со блокирана банкарска сметка ако е тоа цената што треба да се плати за слободата.

“Ивица Коневски, поранешен градоначалник на Аеродром и близок соработник на криминалецот Сашо Мијалков ми го испратил ова писмо со барање за извршување на мојата домашна адреса во Аеродром.

Коневски бара да му се извинам затоа што сум напишал “Ако полицијата ги претресува сите станови на Коневски, претресот ќе заврши во ноември.”.

Веднаш да кажам дека нема да му се извинам за оваа шега. Затоа што тоа не е мој стил (да го цитирам неговиот идол Мијалков) – не е мој стил да се извинувам на криминални соработници.

Се надевам дека откако ќе му помине изолацијата по средбата со Мијалков (кој ете вели имал симптоми на некој нов сој на Ковид кој удира по втор пат), ќе дојде на јавно соочување со мене.

Криминалот и криминалното подземје мора да паднат. Тужете ме слободно и пресудете ми. Јас не се плашам да живеам со блокирана сметка. Тоа е минимална жртва за слободата!”, објави Златев.