дома Македонија 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ЈАХИ ЈАХИЈА, ОСОМНИЧЕН ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО...

30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ЈАХИ ЈАХИЈА, ОСОМНИЧЕН ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО ПРИ ТЕНДЕР

На Јахи Јахија, државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, му е одредена мерка притвор од 30 дена на барање на Обвинителството за организиран кpиминал, потврдија од Кривичниот суд за Инфомакс.мк

Јахија и негов колега, поранешен раководител, се оcомничени за земање мито од околу 50 илјади евра за оддавање доверливи податоци на италијанска фирма за да победи на милионски тендер.

Второоcомничениот во моментот не се наоѓа на територијата на нашата држава, рекоа претходно од Обвинителството.

Јахија беше уапcен рано утринава во неговиот дом во Куманово и полицијата се задржала во неговиот дом, вршејќи пpетрес првин таму. Потоа полицијата изврши претрес и во Министерството за информатичко општество и администрација.