3aвoдoт зa cтaтиcтикa ќe обjaви дeтaли зa пoпиcoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски заедно со заменикот-директор Илми Селами денеска ќе одржат прес-конференција за Методологијата за подготовка, организација и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021.

Прес-конференцијата ќе биде онлајн преку апликацијата ЗУМ, а ќе може да се следи и на Фејсбук каналот на Државниот завод за статистика.

Собранието на 21 јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија, според кој пописот треба да се спроведе од 1-ви до 21 април годинава.

Законот гарантира одржување попис според меѓународните стандарди и стандардите на Евростат.

Опозицијата останува на ставот дека пописот треба да се одложи за наредната година, или ако се инсистира тој да се одржи пролетва, да се спроведе по електронски пат. ВМРО-ДПМНЕ, формално почна и иницијативата за укинување на Законот за попис.

Претседателот на државата Стево Пендаровски неодамна изјави дека според него не би било проблем спроведувањето на оваа статистичка операција да се одложи и да се одржи во мај или јуни, на што завчера и премиерот Зоран Заев изјави дека таквата можност е вредна за разгледување, но, нагласи, само ако станува збор за одложување од еден или два месеца.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This