December 1, 2022, 9:22 pm

3aвpши вo изoлaциja: Слави Трифонов пoзитивeн нa Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на втората политичка сила на неодамнешните парламентарни избори во Бугарија, „Има таков народ“, Слави Трифонов е позитивен на тестот на Ковид-19, изјави денеска заменик претседателот на партијата Тошко Јорданов.

Во соопштението до медиумите Јорданов наведува дека Трифонов имал симптоми на коронавирусот, но денеска тестот се покажал позитивен.

– Господин Трифонов е добро, се наоѓа во карантин и ги почитува сите барања и правила на Националниот кризен штаб, истакна Јорданов.

Ноќта на парламентарните избори во Бугарија на 4 април, лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ објави дека има симптоми на Ковид-19, по што ги направи потребните испитувања.

Претходно денеска, шест дена по изборите во Бугарија, лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов на Фејсбук им се заблагодари на своите избирачи.

– Во име на моите колеги и во мое име, искрено им се заблагодарувам на сите што гласаа за нас. Ова е значењето на довербата, а довербата е највисоката форма на човечка комуникација, напиша Трифонов на својот фејсбук-профил.

Тоа се случи откако во утринскиот блок на БНТ, лидерот на Бугарската социјалистичка партија (БСП) Корнелија Нинова најави дека ќе поддржи евентуална влада предложена од Трифонов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This