дома Македонија 3aбpaнaтa зa влeз вo Грција пpoдoлжeнa зa yштe двe нeдeли

3aбpaнaтa зa влeз вo Грција пpoдoлжeнa зa yштe двe нeдeли

Одлуката за копнените граници со Македонија, Албанија и Турција, како и за забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, грчката Влада ја продолжи за уште две седмици, односно до 22 февруари 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Новата одлука за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“ за да се ограничи ширењето на коровирусот, веќе е објавена во Службен весник на Грција и од утрово стапи во сила.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето, но и доколку добијат негативен резултат од рапид тестот направен на влезот во Грција.