дома Хроника 3aврши дpaмата во Вељуса: Спeцијалците го yaпcиja стopителот

3aврши дpaмата во Вељуса: Спeцијалците го yaпcиja стopителот

Пред 10-тина минути зaврши дpaмата во струмичка Вељуса, специјалците го yaпcиja напаѓачот кој утринава го избоде својот сосед.

Според информациите од теренот биле употребени шок бомби и единици на специјалната полиција кои го привеле напаѓачот.

-На 04.05.2021 година во 08.15 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека во село Вељуса, струмичко Н.К. бил нападнат со остар предмет од страна на Д.Г. од истото село, информираат од СВР Струмица.

Претходно напаѓачот дозволил да биде извлечено повреденото лице кое во моментов се наоѓа во болница, надвор од животна опасност.

Нападот се случил откако веќе подолг период постоела меѓусоседска кавга која ескалирала со физички напад со ладно оружје, по што нападнатото лице завршило со неколку убоди од нож.

Во акцијата биле вклучени и пожарникарски екипи, а и голем број специјалци вклучени во акција за апсење на вооружениот Д.Г.