3aвpшиja зaд peшeтки: Двe лицa ocoмничeни зa илeгaлнa тpгoвиja co mapихyaнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Во декември 2020 година, првиот осомничен од засега непознато лице набавил 13,02 грама марихуана, спакувана во 21 помало пакување. Дрогата му ја дал на вториот осомничен со намера да ја препродаде. На 1 јануари, во селото Здуње, вториот осомничен бил затекнат од полициски службеници. Кога се обиделе да му извршат проверка, тој пружил активен отпор и се дал во бегство. Бил стигнат и совладан, па кај него била пронајдена дрогата која веднаш била одземена.

До судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар надлежниот обвинител поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон.​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This