дома Европа 3aгpижyвaчки во Австрија: Peчиcи 9.000 зapaзeни co Koвид-19 зa eдeн дeн

3aгpижyвaчки во Австрија: Peчиcи 9.000 зapaзeни co Koвид-19 зa eдeн дeн

Во Австрија денеска се очекува нов рекорден број на новозаразени со коронавирусот што може да биде околу 9.000 случаи.

Според виенскиот дневен весник „Естерајх”, кој се повикува на „корона мониторот” на Универзитетот во Виена, во последните 24 часа се регистрирани 8.905 новоинфицирани лица.

Во текот на вчерашниот ден беа пријавени 6.120 нови случаи на инфекција со коронавирус. Во моментот се хоспитализирани 2.755 пациенти со ковид-19 од кои 473 се сместени на одделенијата за интензивна нега.