3aгpoзeнa e бeз6eднocтa на Вучиќ: Cвикaнa e итнa ceдницa нa Coвeтoт зa бeзбeднocт – кaj maфиjaтa e пpoнajдeн cнajпep зa лиkвидaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот на српската полиција Александар Вулин изјави дека седницата на Советот за национална безбедност ќе се одржи во понеделник.

Вулин рече дека ќе има нови апсења и дека истрагата за криминалната група на Вељко Беливук или Веља Невоља напредува добро и дека има многу докази.

Ова не може да запре. Ја видовте државата на дело и ништо не може да ја запре истрага од вакви размери или борбата против организираниот криминал, рече Вулин на ТВ Прва.

Тој посочи дека српскиот претседател Александар Вучиќ ја објави борбата против мафијата пред 100 дена и дека сега на тоа повеќе никој не се смее.

Вулин, исто така, рече дека српскиот претседателот сега е повеќе изложен отколку порано, затоа што ова се најмоќните дилери на дрога во регионот и дека нивниот огромен бизнис е уништен со овие апсења.

Безбедноста на српскиот претседател е уште позагрозена, бидејќи тој се судри со криминалци во регионот и во Европа, потенцираше Вулин, но исто така посочи дека апсењето на оваа група ги отстранило сторителите, но не и оние што стојат зад нив.

На прашањето дали е подигнато нивото на заштита на српскиот претседател и обвинителот, Вулин рече дека не може да одговори на тоа прашање.

Министерот за полиција на Србија потврди дека во еден од становите на соработниците на Беливук бил пронајден снајпер со придушувач.

Најдовме дрога насекаде, скоро во секој стан. Дрога, оружје, пари. Она што не го очекувавме е да најдеме снајпер со придушувач на звукот. Снајперот сигурно не служи за справување меѓу мафијашите, вели тој и додава:

Снајперите се користат за ликвидации, оние што можат многу да ви наштетат, кои имаат големо политичко значење. Дали може да ме ликвидираат? Можеа. Дали тоа ќе ги реши нивните проблеми? Сигурно не. Единствената личност чија ликвидација ќе ја запре организираната борба против мафијата ќе беше Александар Вучиќ, рече тој рече и најави седница на Советот за национална безбедност за понеделник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This