дома Свет 3aгyбитe пopaди зaглaвeниoт бpoд вo Cyeцки кaнaл мoжe дa нaдминaт милиjapдa дoлapи

3aгyбитe пopaди зaглaвeниoт бpoд вo Cyeцки кaнaл мoжe дa нaдминaт милиjapдa дoлapи

Директорот на Суецкиот канал, египетскиот адмирал Осама Раби синоќа изјави дека загубите поради тоа што бродот „Евер Грин“ бил заглавен во каналот неколку дена може да достигнат милијарда долари.

– Износот, штетата и загубите односно колку пари се потрошија за ископување, на влечења, се уште не се пресметани,но проценката е можеби повеќе од милијарда долари, изјави Осама Раби.

Бродот „Евер Грин“ беше заглавен во Суецкиот канал речиси една недела, а беше извлечен во понеделникот.

Суецкиот канал е вештачки канал долг 163 километри, што ги поврзува Средоземното и Црвеното Море и ја одделува Африка од Азија.