дома Македонија 3aев yбeдeн во невинocта на Рашковски

3aев yбeдeн во невинocта на Рашковски

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Алсат беше прашан дали сега, кога има и три други нови обвиненија, се уште верува дека можеби е невин поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Тој на ова одговори дека секако дека верува дека е невин. Но, и даде една своја резерва, со контрапрашањето, кој е тој да каже, во услови кога тоа е во надлежност на правосдудните органи во земјава.

„Да, секако верувам дека е невин. Но, реков кој сум јас. Тоа судот треба да го каже и секако со правосилна судска пресуда. Но, што е важно? Важното е дека законот важи еднакво за сите, сите сме рамноправни пред законот. Ако некаде постои сомневање, денеска се гонат сите. На крајот во судска постапка се утврдува кој е виновен, кој не“, изјави премиерот Зоран Заев во интервјуто за телевизијата.

Според премиерот Заев, софтверот за автоматско казнување за сообраќајни прекршоци бил потребен и Владата стои зад тоа.

„Презумцијата на невиност треба да се почитува за секој. И како опозиционер и во делот на случаи кои ги има против моите политички противници, односно високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, јас секогаш принципиелно стојам на овие прашања. Судот ќе покаже дали има таму кривично дело или нема. Јас сум ги кажал моите ставови затоа што сум работел со овој човек, го знам проектот, владата донела одлука за овој проект и треба заради безбедноста во сообраќајот“, рече Заев.

Инаку, во петокот Јавното обвинителство за гонење на организиран кримимнал во петокот поднесе обвинителен акт, и тоа против седум лица, а опфаќа четири јавни набавки, но и исплата на хонорари. Рашковски во случајот се товари дека извршил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и кривично дело перење пари.