дома Македонија 3aкoнoт зa нeдeлa дa бидe нepaбoтeн дeн вo Coбpaниe пo Нова година

3aкoнoт зa нeдeлa дa бидe нepaбoтeн дeн вo Coбpaниe пo Нова година

Mинистерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска посочи дека очекува по Нова година законското решение за недела да биде неработен ден ќе влезе во собраниска процедура и ќе биде донесено.

Таа рече дека завршиле консултациите за ова прашање за кое се дискутирало месец и половина, постојат дилеми за одредени области и затоа требало да се направи темелна анализа и да се соочат аргументите „за“ и „против“.

„МТСП ја изработи нацрт-верзијата, им ја предочивме на сите членови, односно партнерите во социјалниот дијалог, сè уште во општеството има интерес за ова законско решение – за и против, меѓутоа ние не се откажуваме. Верувам дека по Нова година законското решение ќе ќе влезе во собраниска процедура и ќе биде изгласано во интерес на оние заради кои го носиме. Дилемите се околу тоа кој треба да биде опфатен со недела неработен ден, односно кои дејности во државата треба да функционираат – здравството, полицијата, социјалната служба, центрите за детска заштита, старските домови, противпожарните служби, комуналните служби. Тоа се витално важни дејности без кои оваа држава не може да функционира“.

Како што е познато од претходно, предлог-измената што ја направи нејзиното министерство е во Законот за работни односи, но понатаму ова прашање треба да се регулира и во другите закони кои се под надлежност на останатите ресори. На пример, Министерството за економија е надлежно за законите кои се однесуваат на угостителството, трговијата, туризмот итн., па затоа се правеа консултации и дебати за тоа кои области ќе бидат адаптирани на тоа недела да биде неработен ден.