дома Македонија 3aкoнoт зa пpoглacyвaњe нa Шар Планина зa нaциoнaлeн пapк влeгyвa вo Coбpaниe

3aкoнoт зa пpoглacyвaњe нa Шар Планина зa нaциoнaлeн пapк влeгyвa вo Coбpaниe

Шар Планина станува заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк, заради обезбедување на заштита на исклучителните природни убавини и вредности.

Владата денеска го утврди конечниот текст на Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк и донесе заклучок да биде доставен на усвојување во Собранието.

„Основна цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк, заради обезбедување на заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес“, велат од Владата.