дома Политика 3a двa дeнa Заев ja зaдoлжи Македонија зa 850 милиoни eвpa, дpжaвaтa...

3a двa дeнa Заев ja зaдoлжи Македонија зa 850 милиoни eвpa, дpжaвaтa нa aпapaти..

За два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра. Државата е ставена на апарати.

Заев издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да плати камати од 80 милиони, и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони, вкупно 850 милиони.

Заев со ова задолжување се спасува од банкротот кој беше неминовен како резултат на лошите политики и неадекватното менаџирање на кризата.

Долгот со овие задолжувања официјално ќе скокне над 7 милијарди евра, и 65% од БДП.

Ова задолжување е само за крпење на дупки, и доколку нема промена на политиките, наскоро ќе ни треба ново задолжување. Државата ќе тоне, пари нема, а каматите ќе стануваат се поголеми.

Затоа наместо на крпење на дупки државата треба да се насочи кон развој. – Стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.