дома Актуелно 3a пpв пaт од гpaѓанскaта вojна: Haционалната гapда cпиe во xoдниците на...

3a пpв пaт од гpaѓанскaта вojна: Haционалната гapда cпиe во xoдниците на Koнгpecoт

Стотици војници на Националната гарда спијат на камениот под на американскиот Капитол, додека безбедноста се интензивира во Вашингтон, а главниот град оди во локдаун една недела предод инаугурацијата на Џо Бајден.

Војниците, кои се стационирани во Вашингтон, по минатонеделниот упад, беа забележани како лежат со оружјето додека спиеја на подот на Капитол во средата наутро.

Ова е за првпат војниците да постават камп во Капитолот по Граѓанската војна.

Националната гарда е овластена да испрати вкупно 15.000 војници во Вашингтон за да помогнат во заштитата на главниот град пред инаугурацијата на Бајден. Веќе има 6.200 војници на теренот во ДЦ. Најмалку 10.000 ќе бидат во градот до сабота, а преостанатите 5.000 се во состојба на готовност во случај да избувне насилство.