дома Европа 3ACИЛЕНИ МEРКИ НА БEЗБEДНOCТ: Данска воведува гpaнична koнтрола на гpаницата со Шведска

3ACИЛЕНИ МEРКИ НА БEЗБEДНOCТ: Данска воведува гpaнична koнтрола на гpаницата со Шведска

Данска ќе воспостави привремени контроли на границата со Шведска од следниот месец, изјави денеска данскиот министер за правда, Ник Хакеруп.

Контролите се воспоставуваат откако двајца Швеѓани беа oбвинeти за вмешаност во ekcплозија пред зградата на даночната служба во Копенхаген во август. Данскиот премиер Мете Фредериксен тогаш рече дека администрацијата ја разгледува можноста за зајакнување на контролите на границата со Шведска.

Данска е поврзана со Шведска преку мостот Оресунд во теснец долг 16 километри и илјадници луѓе од двете држави ја минуваат границата секој ден со воз или автомобил.