дома Македонија 3aeв: Блokaдата од Бугapија нe ja глeдaм како пpoблем

3aeв: Блokaдата од Бугapија нe ja глeдaм како пpoблем

Вчера Зоран Заев во интервју за „Трилинг“ нагласи дека блокадата од Бугарија не ја гледа како проблем.

„Од Бугарија се случи неразумен, нерационален и не го гледам како проблем заради тоа што навистина на една Бугарија не и врши работа. Пријателството е придобивка за сите. Соработката и зголемувањето на соработката е предност за сите и Македонците и за Бугарите, и за сите од сите етнички заеници“, рече Зоран Заев.
Заев додаде дека Западна Европа, Северна Европа и Североисточна Европа ќе ги почитува Македонија и Бугарија ако се повеќе заедно здружени.

„Се отворија прашања кои што верував дека треба да ги решаваме и да разговараме во иднина. Верував дека можеме со поголеми динамики да ги решаваме оние делови кои што ни се во договорот за пријателство“, истакна Заев.