дома Македонија 3aeв: Пocветени cмe cилнo нa евpoпската aгeндa

3aeв: Пocветени cмe cилнo нa евpoпската aгeндa

Определеноста кон значителен напредок на стратешки важните проекти за државава, како што се следната фаза на патното регионално поврзување во рамките на проектот Коридор 8 и проектот Интерконективен гасовод Македонија – Грција, како и вложувањата во здравствениот сектор, во делот на зелената агенда и енергетската ефикасност, водоснабдувањето, беа тема на разговор на денешната средба меѓу премиерот Зоран Заев со заменик-претседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова и со секторски претставници на ЕИБ, на која присуствуваше и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

-Посветени сме силно на европската агенда. Унапредувањето на регионалната инфраструктура значи можност за подобро инфраструктурно поврзување на нашата држава со регионот, но и меѓу државите во регионот, што значително влијае и на унапредувањето на политичката соработка. Подеднакво важна е и поддршката што ја добиваме во делот на унапредувањето на квалитетот на живот на граѓаните дома, рече премиерот Заев и се заблагодари за досегашната успешна соработка.