дома Македонија 3aeв: Bakцините на Фajзep ќe пpиcтигнaт нa кpajот нa мeceц мapт

3aeв: Bakцините на Фajзep ќe пpиcтигнaт нa кpajот нa мeceц мapт

Во рамки на својата посета на Штип, за изградбата на далеководот Штип-Овче Поле, премиерот Зоран Заев најде прилика да сподели информација во однос на вакцините.

Имено, тој потврди дека фајзеровите вакцини до крајот на месец март ќе пристигнат во земјава.

-Не се работи за наша несериозност во набавката на вакцините. Едноставно, има недостаток во нивното производство. До крајот на март ќе добиеме 21 илјади вакцини од Фајзер, а потоа следуваат и кинеските, и вакцините од Русија. Апелирам дека сите треба да се вакцинираме, да ги следиме упатствата на експертите и здравствените работници, истакна премиерот Заев.