3aeв денес ќе се сретне со Axмети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев за ТВ21 истакна дека денеска ќе има средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој додаде дека средбата ќе биде попладне во Владата.

Се очекува на средбата да биде разговарано околу актуелните политички случувања, односно за новиот мандатар кој треба да ја презеде Владата на Заев, кадровските решенија, како и за датумот за почнување на преговори со Европската унија.

Оваа средба доаѓа по официјалната оставка на Зоран Заев и преземањето на партијата од страна на новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Претходно, Ахмети истакна дека не се согласува со одлуката Заев да се повлече од функцијата, односно не може да се повлече кога Македонија е пред сериозни предизвици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This