3aeв до Ковачевски: Очекувам посветеност и прогресивно политичко дејствување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очекувам посветеност, одговорност, отворен пристап и прогресивно политичко дејствување, во интерес на сите граѓани на Северна Македонија и во интерес на социјалдемократското семејство, напиша на фејсбук премиерот и доскорешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев честитајќи му ја победата на Димитар Ковачевски.

-Членовите на СДСМ го избраа новиот претседател на партијата, на демократски внатрепартиски избори. Му честитам на Димитар Ковачевски и му посакувам успех. Им честитам на сите членови на СДСМ кои гласаа на внатрепартиските избори и со тоа покажаа висока демократска свест и однесување.

СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија денес гласаше достоинствено и европски, за стабилна македонска иднина, напиша Заев на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This