дома Македонија 3aeв: ЕУ има пpoблем

3aeв: ЕУ има пpoблем

Големата, визионерската идеја за обединета Европа денес има проблем. А, проблемот е самата ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прс-конференција со неговиот албански колега Еди Рама на првиот Економски форум во Скопје.

„Брисел ни порача дека ЕУ не успеа да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан. Е тоа е проблемот. Тоа што 26 земји членки на ЕУ не успеваат да спречат блокада на една земја членка тоа е проблем на Европа предизвикан од самата ЕУ, оцениу македонскиот премиер и порача:

„Но, ние не сме сами и нема да бидеме сами ниту изолирани. Нашиот народ, македонскиот народ и албанскиот народ пред себе имаат ист пат. Имаме иста визија, исти вредности, тоа се европските вредности, а не политиките на ѕидови и поделби. Ние не запираме, а знам дека на овој пат со нас се и Србија, Црна Гора, Косово, БиХ. Ние сме Европа без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не. Нашите народи и влади среде Балкан демонстрираат европски манири. Забрзано ги тргаме пречките и границите меѓу нас, за граѓаните, услугите и стоките да ни се движат слободно. Имаме заеднички идеи, предизвици и култури со нашите братски народи од регионот. И тука сме со премиерот Рама да најавиме дека ќе си ги зближиме уште повеќе народите“, порача Заев.

Тој упати порака до домашните и за европските граѓани и политичари – дека „алармот е вклучен, суштината и вредностите на ЕУ се доведени во прашање“.

Образлагајќи дека минатата недела бил во Софија каде со „отворено срце и подадена рака“ и понудил решение за исчекор во позитивна насока со Република Бугарија, тоа не се случи.

„Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија. Нашиот напредок во ЕУ-интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди. Токму затоа сметаме дека во преговорите или во рамката не треба да се внесуваат билатерални прашања. Тоа е опасен преседан и тоа е став кој го делат сите останати земји членки на ЕУ. Македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори. Покажавме храброст и искрена волја за решавање на билатералните односи преку заемно почитување и заштита на националното достоинство“, рече Заев.