3aeв им рече бујрум на турските компании

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Економската и трговската соработка се витални, затоа очекуваме поинтензивна динамика со новиот договор за слободна трговија кој е во подготовка, а кој има за цел да отвори повеќе врати за турските инвеститори. Ова го истакнал премиерот Зоран Заев на работната вечера која во негова чест во Истанбул ја приреди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Притоа е истакнато дека односите меѓу двете земји се исполнети со динамична соработка во повеќе области, информираше владината прес-служба. Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, беше еднодневната работна посета на Турција.

Kако сојузници во НАТО, двете земји се поврзани и со исти вредности по однос на мирот и стабилноста во регионот, преку добрососедски односи и регионална соработка, како и во борбата против тероризмот согласно со домашното право на двете земји, како и со меѓународното право, пишува во соопштението на Владата.

Претседателот Ердоган, наведуваат од Владата, истакнал дека „во срцата на граѓаните на Турција, Северна Македонија има посебно место како земји кои имаат одлични односи и длабоки историски врски. Ердоган потенцираше дека, и покрај пандемијата, двете земји имаа одлична трговска размена во 2020 година и дека тоа ќе продолжи да ги мотивира турските компании уште повеќе да инвестираат во Северна Македонија. Според владиното соопштение, на средбата во Истанбул е истакнато дека Турција ќе продолжи да ја помага Северна Македонија во борбата против пандемијата, со желба да се продлабочи соработката и во областа на здравството.

Заев изразил надеж дека Ердоган наскоро ќе ја посети земјава „како континуитет на заемните посети на највисоко политичко ниво и како видлив придонес за унапредување на односите“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This