March 28, 2024, 11:52 am

3aeв и СДCM година дена ја лaжeлe jaвноста: Пред една година дoбилe пишан документ со кој било најавено вeтoтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашите услови за одобрување на рамката за преговори со Република Македонија беа доставени до владата во Скопје со пишан документ пред една година, рече на Собраниската говорница министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, одговарајќи на пратенички прањања.

Захариева се фокусираше на прашањето за добрососедство и им порача на македонските политичари да ги стават настрана емоциите и да го спроведуваат Договорот од август 2017 година.

Откако се најде на удар на опозицијата, главно на пратениците од социјалистичката партија, кои прашуваа кога забележале дека Македонија не го исполнува договорот и како бил потпишале без да се обезбедат гаранции дека ќе се исполнува, Захариева рече дека Историската комисија две години ништо не сработела, а административните сопки за бугарските инвеститори во Македонија биле поразувачки и дека за тоа испратиле извештај во Европската унија.

„Најзначајниот проблем е неисполнувањето на овој договор. Во овој договор има многу јасен мандат на комисијата. Во овој договор има и текст за еднострани обврски од страна на Македонија дека нема да има тврдења за присуство на македонско малцинство во Бугарија. Ние продолжуваме да преговараме, ние сме соседни земји, од страна на бугарскиот народ, мислам дека има крајно пријателски чувства кон граѓаните од другата страна на границата и покрај нивниот говор на омраза.“ – изјави Екатерина Захариева – министерка за надворешни работи на Бугарија.

Захариева ја замеша и Атина во спорот. Според неа и Преспанскиот договор има рокови, но дека според нејзините сознанија – и тие не се исполнуваат. На забелешката колку специјални пратеници ќе дојдат од Македонија и дали Бугарија ќе именува свои, Захариева рече дека тоа не им треба.

„Нашиот сосед мора да надмине голем број стереотипи за да тргне на патот кон влез во ЕУ. Добрососедството мора да стане дел од рамката за преговори, бидејќи ова се најсилните гаранции за Бугарија дека потпишаните документи ќе бидат имплементирани и надгледувани во текот на целиот процес на преговори, со јасни критериуми за напредок.“ – изјави Захариева.

Во интервју, пак, за германскиот јавен сервис АРД, Захариева вели дека Софија нема да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори се додека тие гаранции не станат дел од Преговарачката рамка. Европската унија го тргна прашањето за проширувањето од дневниот ред на состанокот на министрите за надворешни работи во вторникот и на лидерскиот самит кој почна вшера а завршува денеска..

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This