дома Македонија 3aeв понecyва ocтавка од премиерската позиција нapедната недела ако утре добиеме BETO

3aeв понecyва ocтавка од премиерската позиција нapедната недела ако утре добиеме BETO

Премиерот Зоран Заев следната недела ќе ја активира оставката од функцијата премиер, ако Бугарија в четврток, на Советот за општи работи во Брисел, повторно стави вето за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, вели за „Слободен печат“ извор од кабинетот на Заев.

Ако, пак, на Самитот на ЕУ има позитивни сигнали, Заев ќе замине од Владата најдоцна до 15 јануари, како што веќе најави. Бидејќи нема никакви надежни информации дека Софија ќе го тргне ветото и дека, сепак, ќе даде зелено светло за Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија, речиси е извесно дека Заев следната недела ќе замине од функцијата претседател на Владата.

Примопредавањето на функцијата претседател на СДСМ помеѓу Заев и Ковачевски е планирано за утре, среда, кога завршуваат жалбените рокови во врска со внатрепартиските избори. Најверојатно оставката на Заев од премиерската функција ќе го наруши редоследот на процесите во партијата. Ковачевски веднаш откако стана лидер на СДСМ изјави дека прво ќе се одржи конгрес, па потоа избор на членови на Централниот и на Извршниот одбор, како и на новото партиско раководство.

Извор: Слободен Печат