3aeв: Ќе може да се гласа со лична карта со истечен рок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денеска во Јегуновце рече дека постои техничка можност граѓаните со истечен рок на лична карта да можат да гласаат на локалните избори на 17 октомври, но според него поголем проблем претставува приватниот сектор, односно деловните банки, каде што граѓаните имаат проблем да ги повлечат парите во ваква ситуација.

Нови лични карти не се издаваат и не се знае кога ќе ги има. Причина за тоа е блокираниот предлог закон за лични карти, со над 1.500 амандмани поднесени од опозицијата, од кои 1.200 се од партијата Левица. Според Заев, Левица со овие амандмани се однесува радикално и нанесува непоправливи штети.

„Политичката партија БЕСА овој предлог го поднесе со одложено дејствие од 2023 и со можност Европа да се изјасни по ова прашање, но со таквата блокада патат и трпат граѓаните.

Првата можност е со работа на парламентот од 1 септември да се изнајде решение, а втора работа е Министерството за правда со правилници и одлуки да даде можност и со истечена лична карта и без пасош да може да се гласа.

Имало таква можност да се гласа и со истечени лични карти претходно, но проблемот е што граѓаните во банките не можат да земат пензија или социјална помош. Тука се бара решение, а веќе разговаравме на Влада“, рече Заев пред медиумите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This