January 17, 2022, 5:22 am

3aeB доби признание од Boeните ветepaни од 2001 годинa: После многугодишна запоставеност, благодарност за покажана заинтересираност за помош и поддршка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев се сретна со претставници од Здружението на воени ветерани и воени инвалиди од 2001 година – „ФЕНИКС“, предводени од претседателот на здружението Лазо Наумов.

„На состанокот е изразена голема благодарност до премиерот Зоран Заев и му е дадена плакета за отвореноста за соработка и покажаното разбирање за решавање на прашањата што ги засегаат воените ветерани и воените инвалиди од 2001 година.

На средбата е истакнато дека за прв пат, како што беше речено, после многугодишна запоставеност, еден премиер покажува заинтересираност за нивна помош и поддршка. Разговарано за повеќе актуелни прашања, посочени како важни од страна на претставниците на здружението „ФЕНИКС“, велат од Владата.

Во таа насока, договорено е разгледување на досегашната примена на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на паднатите борци и заложба за доследна примена на Законот од страна на сите надлежни институции на системот.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This