дома Балкан 3eмјотрес од јачина од 4,2 степени ја погoди Грција

3eмјотрес од јачина од 4,2 степени ја погoди Грција

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Закинтос и Кефалонија во Јонското Море денеска рано попладне, објавија грчките медиуми.

Според Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил на 35 километри југозападно од селото Волимес на Закинтос и на длабочина од 8,7 километри.

Земјотресот е регистриран во 13:40 часот по локално време. Нема информации за повредени или материјални штети.