3ekири доби 100.000 денари од тужба за клeBeта, ќе ги донира за бop ба против лажни Becти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основниот граѓански суд Скопје ја усвои тужбата на Мухамед Зекири против новинарот Зоран Божиновски од Куманово за клевета. Казната од 100 илјади денари Зекири планира да ја донира во борбата против лажни вести, објави МКД.мк.

Се работи за текст објавен на 27 октомври 2020 година во кој Божиновски тврдел дека „Муки Зекири и Ерол Муслиу со сопругите се вмешани во „перење“ 1,2 милиони евра од исламска земја… Според изјава испратена до мене од член на СДСМ довчерашниот пратеник и кандидат за директорска функција Мухамед Зекири, покрај функцијата која ја извршувал се занимавал и со наплата на услуги т.е. „тарифирање“ на заинтересирани клиенти кои по редовен пат не можеле да дојдат до посакувана цел… Мојот извор тврди дека Зекири за вработување во финансиска полиција авансно наплаќал по 2.000 евра награда. Ама не завршувал работа и не им ги враќал парите на измамените муштерии…“

Судот утврди граѓанска одговорност на тужениот Божиновски за клевета, преку објавување на личниот фејсбук-профил на новинарот на „невистинити факти, вршејќи повреда на неговите лични права, достоинство, чест и углед“.

„Оваа пресуда е доказ дека имаме сериозен проблем со лажните вести кои се пласираат преку квази новинари. Божиновски е класичен пример за човек кој шири лажни вести и клевети луѓе. Мора сите енергично да се спротивставиме на лажните вести и клевети кои неконтролирано се шират по социјалните мрежи и некои т.н. портали кои за жал го уриваат угледот на професионалните новинари. Паричниот надомест кој треба да го плати осудениот Божиновски ќе го донирам за борба против лажните вести. Ги охрабрувам сите кои на сличен начин како и јас биле или се мета на клевети и лажни вести да тужат. Затоа што тоа е единствениот начин вистината да победи“, вели во изјавата Мухамед Зекири.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This