дома Социјални Мрежи 3ekoли пpeceче: Eвe кoj e нajзacлyжeн зa пpoпаѓaњe нa Maкeдoниja

3ekoли пpeceче: Eвe кoj e нajзacлyжeн зa пpoпаѓaњe нa Maкeдoниja

Тешка битка за најголеми виновници за пропаѓањето на Македонија се води меѓу три категории државни функционери предводени од тројца од најмоќните луѓе во државата, тврди екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи.

Според него во битката за кадрите кои направиле најголема штета меѓу другите се тие на Заев и на Ахмети но “најзаслужни” се тие на на вицепремиерката Шеќеринска која и самата има лична одговорност.

“Нашето пропаѓање помалку се должи на полуписмените кадри на Заев и Али и многу повеќе на “фините наши деца” кадри од под чадорот на Шеќеринска и нејзе лично”, пишува Зеколи кој својата анализа најверојатно ја темели на информациите за луѓето кои преку комуникацијата со Шеќеринска дошле до високи влссини и државни функции.

Еден од тие што деновиве направи огромна штета на државата е полковникот Секуловски кого НАТО го врати без да му даде безбедносен сертификат кому Шеќеринска му беше шефица како воен претставник во алијансата но и во Министерството за одбрана од каде замина во Брисел.