дома Македонија 4 ДНЕВЕН КАРАНТИН: Комисијата за заразни болести бара полициски час во Скопје,...

4 ДНЕВЕН КАРАНТИН: Комисијата за заразни болести бара полициски час во Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре до понеделник

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе предлог за воведување на полициски час за време на претстојниот викенд, велат изворите на Телма.

Предлогот на комисијата до власата ќе биде, како што дознава Телма, за цело Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре во 21 часот до понеделник наутро да биде воведен полициски час.

А во останатите градови полицискиот час ќе трае од 16 до пет часот наутро, секој ден.