дома Македонија ЃОРЃЕ ИВАНОВ НА СРЕДБА СО ПУТИН: На крајот на мај Иванов на...

ЃОРЃЕ ИВАНОВ НА СРЕДБА СО ПУТИН: На крајот на мај Иванов на дводневна посета во Москва

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов ќе ја посети Русија на крајот на мај, соопшти за новинарите помошник рускиот претседател Јуриј Ушаков


„На крајот на мај“, одговори Ушаков на прашањето на новинарите кога може да се очекува посетата на македонскиот претседател во Москва. Македонската амбасада во Москва соопшти дека Иванов ќе биде во дводневна посета на Русија од 22. до 24.мај.

За време на посетата се очекува Иванов да ја добие наградата која ќе му ја врачи Патријархот московски и на цела Русија Алексеј II, која ја доделува Фондот за единство на православните народи.