дома Македонија 450 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПО 1 ЕВРО МЕСЕЧНО ПОВРАТ НА ДДВ:...

450 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПО 1 ЕВРО МЕСЕЧНО ПОВРАТ НА ДДВ: Заев ветуваше плата плус, а cиpoмaшнитe ќе добијат само по едно евро месечно од повpaтот на ДДВ

Само најбогатите домаќинства кои годишно трошат околу 20 илјади евра ќе можат да вратат една просечна плата преку повратот на ДДВ, а не секое семејство како што најавуваше премиерот Зоран Заев во предизборието во 2016-та година.

Нajcиpoмaшнитe домаќинства ќе вратат само 738 денари или просечно по едно евро месечно. Ова се податоците од анализата на Фајнанс Тинк во врска со најавениот поврат на 15% од парите кои се плаќаат како ДДВ.

Семејство чија потрошувачка кошничка месечно изнесува 32.670 денари ќе може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година, што е повторно далеку од најавената плата плус во секое семејство со оваа мерка, како што ветуваше Заев.