ПОЈАДОК ЗА 15 МИНУТИ: Децата го обожаваат, а се прави додека трепнеш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меки, шупливи, мирисни вкусни…Толку многу се вкусни, што кога ќе почнете да ги јадете – не знаете за доста! Се приготвуваат навистина многу брзо со состојки кои веќе сигурно ги имате во кујна, а резултатот ќе ве воодушеви.
Потребни состојки: 500 мл јогурт, 1 прашок за печиво, 3 јајца, брашно по потреба и сол

 

Постапка: јогуртот излејте во во еден сад, додајте ги јајцата, прашокот за печиво и малку сол, по вкус. Сето убаво промешајте го, па започнете да додавате брашно додека да добиете тесто како за погача. Треба да биде меко, но не премногу, да се одвојува од ѕидовите на садот.

Тестото истресете го врз набрашнета работна површина, наросете го со малку брашно одозгора, па развлечете го во кора со дебелина од еден прст, исечете на ленти со ширина и должина на еден прст или по ваша желба. Освен правоголници можете да сечете кругови со чаша, или да сечете триаголници.
Тестото пржете во загреано масло додека да добие златна боја од двете страни, па вадете ги на хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Многу се вкусни топли, но и кога ќе се оладат. послужете ги со сирење, чаша јогурт или кисело млеко, а кој сака може да ги јаде и со некој сладок намаз.

Наједноставниот појадок готов за неколку минути – пирошки со компир.

Многу вкусни и едноставни мини пирошки. Може да ги приготвувате од сварен компир, но истиот можете да го искористите доколку ви останало непотрошено компир-пире од претходниот оброк.

Потребни состојки: 750 г компир, 100 г брашно, 1 лажица сув зачин (вегета), 150 г кашкавал, 40 г маргарин/путер, 2 жолчки, мускатно оревче. За похување: презла, јајце, масло за пржење.

Постапка: Компирот сварете го во лушпа, излупете го и испасирајте го. Додадете брашно, зачини, рендано оревче, жолчки и путер. Убаво промешајте и измесете додека да добиете изедначено тесто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This